Исповед на познатата пејачка: „Дилерот ме силуваше кога се предозирав!“

1420

Во новата документарна серија за проблематичното минато и животот на Деми Ловато, младата пејачка открила дека еден маж ја силувал уште додека работела за каналот Дизни, а години потоа, истото го сторил и нејзиниот дилер

Во новата документарна серија Demi Lovato: Dancing with the Devil, познатата американска пејачка го отвора срцето и открива сѐ за своите мрачни денови.

Деми, која уште на рана тинејџерска возраст почнала да експериментира со дроги, вели дека булимијата и претераната контрола на нејзиниот менаџерски тим довеле до големиот крах во 2018 година, кога се предозирала и кога откако ѝ бил спасен животот, завршила во клиника за одвикнување.

Кобна ноќ полна со ужаси

Во ужасното признание, Деми открила дека ноќта кога се предозирала, нејзиниот дилер ја силувал, побегнал и ја оставил да умре. За жал тоа не било првото нејзино искуство со сексуално злоупотребување што го доживеала пејачката во својот млад живот.

Трауматичната ноќ со дилерот ја потсетила и на настанот што се случил кога имала само 15 години и работела за каналот Дизни.

„Бев силувана кога ја изгубив невиноста“, открила таа.

Во тоа време, Деми била дел од екипата на Дизни чии членови дале завет дека ќе чекаат со сексуалните односи до брак и носеле „прстени на чистота“. Таков прстен тогаш носеле и Селена Гомез, Мјали Сајрус, како и браќата Џонас.

Таа флертувала и се бакнувала со личноста која ја силувала, но потоа ѝ кажала дека не сака да оди понатаму.

„Му кажав: ’еј, ова нема да отиде подалеку од ова, јас сум девица и не сакам да ја изгубам невиноста на овој начин’. Но на таа личност тоа не ѝ значеше ништо, го направи тоа што го сакаше. Самата си кажав дека јас сум виновна што отидов во соба со него и што се бакнував“, раскажала трауматизираната Ловато.

Открила и дека му кажала некому што се случило, но личноста што ја силувала никогаш не одговарала за своите постапки.

„Не го исфрлија од снимањето на филмот“, изјавила и открила дека станува збор за некој од екипата на филмот Camp Rock 2 или серијата Sonny With a Chance што ги снимала во тоа време.

По тој настан, таа влегла во опасниот вител на булимија и самоповредување, бидејќи, како што вели, христијанката во неа тешко успеала да сфати дека се работи за силување и дека ништо не погрешила.