Утрово ја пренесовме информацијата дека завчера, четири автобуси со туристи од Србија тргнале од грчкото летувалиште Евија. По направените тестирања било утврдено дека патниците од трите автобуси се негативни на корона вирус, а седуммина од еден автобус се позитивни.
После сознанието, возачот кој ги превезувал заразените патници немал податоци, односно дестинација, каде да ги одведе.
Само како потсетување да наведеме дека граѓаните, односно пензионерите од Евија се побунија, па беше донесена одлука сите туристи од Србија да бидат протерани од тоа место.
Останува непознато, каде ќе заврши овој автобус.Туристка од Србија, која била во група од 85 патници на Евиа, Грција и кои биле вратени во Србија, го споделила нејзиното непријатно искуство.
Денес, српските медиуми пренесуваат изјава од туристка која била на лице место:
-Заминавме во четвртокот вечерта. Три лица беа тестирани на границата. Кога стигнавме таму, ни беше кажано дека сме пристигнале на најбезбедно место, дека не ни требаат маски, дека се е во ред.
Кога влегувавме во вилата не не пречека никој. Локалниот водач не однесе во просториите и тоа е тоа, ја започнува туристката нејзината приказна.
„Во средата се вративме од плажата околу два часот и бевме пречекани со порака, вметната под вратата, во која се вели дека еден патник од нашиот автобус бил позитивен и дека не смееме да ги напуштаме собите, и како ќе дојдат да не тестираат.
Се јавивме на водичот, кој ни рече дека ќе дојде во текот на денот. Останавме во собите до четврток. Околу 12 часот, бевме однесени по споредни улички како да сме лепрозни за тестирање.
Тестирањето го правеа луѓе кои не се претставија, ниту имаа идентификација, картичка или слично. Се вративме во нашите соби. Водичите ни даваа храна и пијалак, вели таа.
На нив им било речено, тврди таа, дека резултатите ќе бидат готови во петок наутро, но тоа не се случило, им било кажано во петокот дека одлука на градоначалникот е да се вратат дома, без оглед на резултатите, дали се позитивни или негативни:
-Не добивме никакви информации за денот на заминување. Утрово бевме известени дека сме негативни, бидејќи тропавме на вратата и информирани да се подготвиме затоа што заминуваме во 12 часот.
Грчки автобуси нас негативните во еден а позитивните во друг автобус не однесе до грчка граница, каде не чекаше наш автобус. Цело време имавме полициска придружба, како да сме криминалци, а не протерани туристи.
Остатокот го знаете, ние буквално поминавме два и пол дена на море, а три дена во нашите простории. Остатокот ни пропадна. Ни рекоа дека ќе ни биде вратено, но секако никој не верува во тоа.
-Да не заборавам да напишам дека не ги добивме резултатите од тестот во писмена форма, само усно од страна на водичот.
Едвај чекаме да видиме што ќе се случи кога ќе ја преминеме српската граница и дали ќе бидеме во карантини во Србија”, заклучува туристката, која со две ќерки престојувала на Евиа, а своето искуство од ова грчко одморалиште го сподели на групата на Фејсбук Никана.гр.
Иако беше објавено дека сите наши туристи на островот Евиа биле тестирани за корона и дека сите тие се негативни, и дека можат да продолжат да уживаат во нивниот одмор, се појавија информации за враќање на патниците.