Научниците од Универзитетот Аутономус во Мексико, спровеле истражување, за да утврдат кој тип на жена повеќе ги усреќуваат мажите и дошле до многу интересен резултат.
Иако во изборот на партнерката многу мажи го гледаат изгледот, истражувањето покажало дека тоа е уствари најмалку важно.
Истражувањето покажало дека мажите кои имаат пополнети жени се посреќни од оние кои се во врска со послаби жени и тоа за цели 10 пати.
Мажите кои имаат пополнети жени, почесто се смеат од мажите со слаби сопруги и многу се посреќни. Слабите жени често се резервирани, фокусирани на изгледот и помалку експресивни, што влијае на нивниот однос со мажот со кој се во врска, се наведува во заклучоците.
Додаваат и дека пополнетите жени полесно решаваат проблеми и конфликти во врската.