Истражување на ИКС: Еколошката бомба која отчукува во Вардар – ние сме тоа што јадеме, а јадеме тоа што фрламе во реките

972

Денес, иако сме длабоко влезени во 21 век, освен заклучокот дека реката Вардар е загадена, сепак многу малку гласно се зборува за тоа каква е опасноста по човековото здравје.

Какви штетни материи можат да се најдат во реката, како влијае загадувањето врз живиот свет и врз земјоделството?

Всушност, заклучокот е дека никој со сигурност не знае какви отрови се испуштаат во реката, поради тоа што квалитетот на самата вода се мери по само неколку одредени параметри.

Според истражувањата може да се каже дека водата од Вардар речиси по целото свое течение е полна со бактерии и други органски загадувачи – хемиски состојки и тешки метали кои го загрозуваат здравјето на секој поединец.

Руска плажа на Вардар, Скопје 1961 година

Во 1969 година првпат беше отпеана песната „Ој, Вардаре македонски“, а тројцата великани на македонската музика: Виолета Томовска, Кирил Манчевски и Јонче Христовски очигледно не можеле да претпостават дека 50-на години подоцна стиховите за една од тогаш најубавите реки во Македонија ќе станат невистинити.

Што велат стручните лица?

„Тоа е апсолутно небезбедно за пиење и за луѓето, но и за наводнување особено за наводнување на раноградинарските култури коишто свежи ги јадеме и секако и за добитокот“, Драган Ѓорѓески од Институт за јавно здравје.

„Тука како пример можам да го дадам испуштањето на отпадните води на „Арчелор Метал, сега „Либерти“ – кога пожолте Вардар“, Ана Петровска од Инспекторатот за животна средина.

Скопје, 2021 година

Најголемата река во Македонија не прекинува да тече по својот пат, темна вода, гласни муви, непријатен мирис и природа.

Додека ја гледате со сите нејзини маани, единствено прашање кои ви паѓа на памет е со каков квалитет ја имаме за нас и со каков ја испраќаме преку границата?

Во видеото погледнете ги одговорите на надлежните:

Порака: „Ние сме тоа што јадеме, а јадеме тоа што фрламе во реките“…