Истражување: Возачите на BMW се најагресивни и најбезобразни

578

Новата студија покажа дека најбезобразните и најагресивните возачи возат BMW.

Често може да се слушне дека луѓето ги критикуваат возачите на BMW и тоа дека: свират без потреба, претекуваат, возат многу брзо, се паркираат каде што ќе им текне, а оваа студија докажа дека луѓето се во право.

Студијата ја спроведе Insurify, компанија од САД, а учествуваа 2,5 милиони возачи. Голем број од казнетите возат спортски автомобили и тоа BMW Серија 4 и Серија 7.

На третото место се Audi A5, Subaru WRX, Toyota Celica, Acura TLX, Hyundai Veloster, Honda Element и Audi A4.