Португалскиот репрезентативец Рубен Невес одигра уште една сјајна сезона.
Играчот од средниот ред со успех го носеше дресот на Вулверхемптон а “волците” во Премиер лигата се наоѓаат на осмата позиција. До самиот крај се борат за “излез во Европа” во второто натпреварување по сила – Лига Европа. Една од најголемите причини за добрата игра на тимот е популарниот “Рулс Ројс” – како што го нарекуваат навивачите.
За португалскиот репрезентативец се заинтересирани Манчестер Јунајтед и Арсенал а сега стигна информација за најинтересната понуда која доаѓа од Апенините. Јувентус е решен да го види Невес во својот тим наредната натпреварувачка година.
Тренерот на “бјанконерите”, Максимилијано Алегри сака по секоја цена да го види португалецот во ростерот следното првенство. Според неговите зборови станува збор за фудбалер од светска класа кој е исклучително потребен на тимот. Интересна е сумата која е потребна да се плати за ослободување на Невес. Неговиот сегашен клуб бара оштета од вртоглави 70 милиони фунти.
Димитар Младеновски