Италијанскиот боксер Кристијан Дагио почина откако беше поразен во борбата против Дон Паруеанг во Тајланд.
49 годишниот боксер, кој има освоено седум светски титули во неговата кариера, беше нокаутиран од противникот во последната рунда од мечот во рамките на ВБЦ Азија.
По вториот нокаут на Дагио веднаш му беше пружена медицинска помош, а потоа итно беше однесен во болница во Банкгок каде по неколку дена во кома им подлегна на повредите.
– Умре како што сакаше да умре. Не жалам за тоа затоа што тој беше таков, велеше дека сака да се бори до 80 години. Рингот беше негов живот и тој почина како шампион. Мојот брат имаше девојка во Тајланд и петгодишна ќерка, единствено за неа ми е жал – коментираше братот на Кристијан, Фабрицио Дагио за „Ил Ресто дел Карлињо“.