Италијански леден десерт кој ќе ве натера да заборавите на сладолед: Само 7 состојки и 20 минути!

654

Семифредо е освежителен леден десерт со потекло од Италија, а потсетува на сладолед или замрзнат мус, иако начинот на сервирање е поинаков.

Овој италијански десерт личи на ледена торта, а се прави неверојатно едноставно и брзо. Најтежок дел од работата е да чекате да се излади.

Во оригиалниот рецепт за семифредо, се додаваат и јајца, но овојпат се работи за поедноставна верзија со која нема да погрешите.

Кај овој рецепт одлично е тоа што лесно може да се менуваат состојките, па малините и ф’стаците по желба заменете ги со било кое друго овошје или јаткасти плодови.

Состојки:

– 300 гр. малини

– 240 мл. слатка павлака

– 60 мл. павлака

– 50 гр. шеќер во прав

– 40 гр. ф’стаци

– 1 лажица лимонов сок

– 1 лажица мед

– свежи листови нане (по желба)

Подготовка:

Со миксер матете ја павлаката околу една минута, додека не добиете хомогена смеса. Додадете шеќер во прав и матете со миксер додека состојките не се соединат. На смесата додадете ѝ слатка павлака, па сето тоа заедно матете го уште 3-4 минути. Во добиената компактна смеса додадете половина малини и половина излупени ф’стаци, па измешајте со шпатула.

Смесата истурете ја во длабок калап кој претходно сте го обложиле со проѕирна фолија. Вака подготвеното семифредо ставете го во замрзнувач најмалку четири часа, односно додека целосно не замрзне.

Кога сакате да го сервирате десертот, ставете го кратко да отстои на собна температура. За тоа веме измешајте го медот, лимонот и малините. Пресечете го семифредото на парчиња, прелијте со смесата од мед и малини, исурете малку ф’стаци и по желба украсете со нане.