Италијански пратеник побара збор во парламентот, па направи нешто сосема неочекувано…

826

Флавио Ди Муро, пратеник на партијата Лига Север, направи нешто навистина несекојдневно на седницата на италијанскиот парламент откако побара збор.

Кога доби збор, пратеникот извади прстен и ја запроси својата колешка.

„Елиза, дали сакаш да се омажиш за мене?“, запраша пратеникот Ди Муро.

Неговите колеги од партијата го поздравија неговиот потег со аплауз, додека пак претседателот имаше помалку разбирање и му замери на таквото однесување.