Иван Тричковски прогласен за најдобар фудбалер во шампионатот на Кипар за сезонава

1242

Иван Тричковски, македонскиот фудбалски репрезентативец е прогласен за најдобар фудбалер во шампионатот на Кипар за сезонава.

Македонецот зад себе остави одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака. Тој на 39 настапи постигна 24 погодоци.

Со својот тим играше и во групната фаза од Лига Европа, каде што имае шест голови и шест асистенции.

За жал, Тричковски во моментов е повреден и најверојатно нема да настапи во квалификациите за Европското првенство против Полска и Австрија во јуни