Избран идеалниот тим во Ла Лига: Реал понижен како никогаш претходно

805

ред два дена заврши сезоната во шпанското првенство.

Титулата ја одбрани Барселона која на тој начин ја потврди доминацијата во Шпанија во последната деценија, а Реал Мадрид доживеа целосно фијаско со оглед на тоа дека заврши дури трет со цели 19 бода помалку од Барселона, со што е поставен негативен рекорд.

Порталот „WhoScored“ го избра и најдобриот тим на сезоната во Ла Лига, а во него нема ниту еден играч на Реал Мадрид. Во предвид се земени просечните оценки кои секој играч ги добивал во текот на сезоната, а на крајот се испостави дека ниту еден играч на „Кралевите“ не заслужи место во најдобриот тим.

На голот е голманот на Атлетико Јан облак, десен бек е Пења од Еибар, лево неговиот соиграч Коте, додека стопери се Пике од Барселона и Марипан од Алавес.

Средниот ред го сочинуваат Дани Парехо од Валенсија, Родриго од Атлетико, Дембеле и Меси од Барселона, додека во нападот се Луис Суарез од Барса и Јаго Аспас од Селта.

Секако се уште се чека официјално најдобриот тим во изборот на Ла Лига, но тешко дека и таму ќе има место за некој играч од Реал.