Пожар претпладнево избувна на Водно.
Командирот на противпожарната бригада, Владимир Симоновски во куса телефонска изјава за Курир потврди дека на Водно има пожар и дека се наоѓаат на лице место.
Засега не е познато колкава површина е зафатена и од која причина избувнал пожарот.
Според првичните информации, пожарот е локализиран и се работи на негово гаснење.