Избувна пожар во зградата на “Хипериум” во Карпош, вработените од центарот се евакуирани

1134

Денеска избувна пожар во зградата на деловниот центар “Хипериум” во Карпош.

Причината за пожарот била трафостаница на ниво минус два, на место за паркирање, при што веднаш се вклучил алармот, а вработените од зградата биле евакуирани.

“Пожарот е изгаснат, на паркингот работат екипи на ЕВН. Пожарот избил најверојатно од преголем напон на трафостаницата. Вработените почнаа да се враќаат во зградата, но во објектот сè уште нема електрична енергија”, изјавил Владимир Симоновски, командант на скопската противпожарна бригада.

Во гаснењето на пожарот учествувале пет возила на противпожарната бригада, пренесува “А1он”. Во пожарот нема повредени.