Измени на законот за матичен број кои предвидуваат признавање на нов род

1377

Во изводот од матичната книга на родените на  децата родени во болницата Систина повеќе нема да стои дека се родени во село Злокуќани, туку во Скопје.  Ова е предвидено во предлог измените на Законот за матична евиденција кои се објавени на ЕНЕР.

Освен оваа интервенција со измените на законот се предвидува признавање на нов род .  Во овој дел законот превидува издавање на матичен број за лице го извршило промена на полот од машко во женско или обратно, а во него се утврдени условите и начинот на признавање на родот.

Првата промена на законот се прави на барање на група родители кои побарале во изводот на своите деца да се внесе градот Скопје, а не Злокуќани. Втората измена се регулира по пресуда од Европскиот суд на човекови права, се вели во образложението од Министерството за правда.