Израел ја бомбардираше Сирија: Не толерираме никаква агресија!

804

Израелската армија доцна синоќа потврди дека нивните воздухопловни сили извеле напад на мети во соседна Сирија, одговарајќи на лансирањето на ракета кон нивен авион.

Сириските медиуми синоќа известуваа дека неколку израелски ракети паднале во провинцијата Кунеитра, при што, според последните информации, едно лице го загубило животот, а неколкумина биле ранети.

„Во одговор на нападот кон нашиот авион, нашите авиони го нападнаа лансерот од каде што беа лансирани ракетите“, стои во соопштението на израелската армија во која се додава дека војската реагира на секоја закана кон нивните авиони.

Инаку, вообичаено од израелската армија одбиваат да дадат коментар кога има слични операции во кои јасно е дека авионите на израелското воено воздухопловство изведуваат напади на цели во Сирија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше после нападот и порача дека политиката на Израел е јасна: „Не толерираме никаква агресија кон нас и ќе реагираме силно на секој напад“.