Израелско истражување: Вакцината „Фајзер“ е помалку ефикасна за делта сојот на коронавирусот

986

Тоа е случај и кај спречување на симптоматските заболувања, но вакцината и натаму е многу ефикасна и штити од сериозен тек на болеста и хоспитализација, а тој процент според истражувањата е 93 отсто.

Министерството за здравство од Израел соопштило дека ефикасноста на вакцината „Фајзер“ е помалку ефикасна кај делта сојот на коронавирусот и спречува само 64 отсто од инфекцијата, додека пак заштитата од тежок облик на Ковид-19 и натаму е висока.

Според податоците на министерството, ефикасноста на вакцината „Фајзер“ значајно се намалила во последните неколку седмици откако агресивниот делта сој се прошири, па од 6 јуни ефикасноста на вакцината во спречување на инфекцијата се намалила на 64 отсто во однос на 95,3 отсто колку што изнесуваше кога беше доминантен алфа сојот на коронавирусот, пренесува „CNN“.

Тоа е случај и кај спречување на симптоматските заболувања, но вакцината и натаму ефикасно штити од потешки облици на болеста и хоспитализација.

Во февруари израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на „Фајзер“ спречува заболување од Ковид-19, 95,8 отсто, симптоматско заболување во 98 отсто од случаите, додека пак ефикасноста во смисла на спречување на хоспитализација и смртен исход е 99 отсто.

Поради високата стапка на вакцинација во Израел има добри податоци, па иако веќе околу две седмици поради делта сојот бележат зголемен број на регистрирани нови инфекции, за истиот период не се забележани смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Прелиминарните наоди од една друга шкотска студија, објавени во списанието „Lanset“ минатиот месец покажуваат дека вакцината „Фајзер“ дава 79 отсто заштита од делта сојот на коронавирусот, во споредба со 92 отсто од зараза предизвикана од алфа сојот.

Истата студија анализирала податоци од 5,4 милиони луѓе во Шкотска и покажала дека вакцината „АстраЗенека“ обезбедува 60 отсто заштита од инфекција на делта сојот на коронавирусот во споредба со 73 отсто заштита од алфа сојот.