Колинда Грабар Китаровиќ е првата жена претседател на Хрватска, која е пример за многу жени во регионот.
Таа посебно се прослави со својата скромност и човечност кои ги покажа на Светското првенство во Русија, каде отпатува со авион во економска класа.
Колинда пораснала во село и никогаш не сонувала да биде водач на држава, а денес таа е помеѓу омилените политичари во светот.
Во продолжение прочитајте неколку факти за хрватскиот лидер и нејзината успешна приказна:
Родена е во Риека и детството го поминала во соседно село на ранч, а кога била мала посакувала да стане стјуардеса

На 17 години, оди да учи во САД, а откако се враќа продолжува да студира на Факултетот за политички науки во Загреб

Пред да стане претседател, била Министер за надворешни и европски прашања, Амбасадор во САД и Помошник генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија.

На 46 години, Колинда станува прва жена претседател во историјата на земјата и најмлад лидер

Претседателката е среќно омажена, има две деца – Лука и Катарина

Во медиумите вирално се проширија лажни фотки од неа во бикини, кои всушност се од моделот Коко Остин, но тоа не го наруши нејзиниот имиџ

Колинда зборува течно англиски, шпански и португалски, а знае по малку италијански, француски и германски
