Дејвид Бекам во неделата поминувал време со својот син Круз во необично друштво – со ајкули.
Откако минатата недела венчавката на најстариот син Бруклин со Никола Пелц го окупираше целото внимание на семејството Бекам, Дејвид одлучил да помине време со Круз.
На фотографиите кои ги споделил Круз на својот Инстаграм профил, изгледале расположено додека околу нив пливале ајкули.
По тој повод поранешниот фудбалер ја открил својата импресивна колекција тетоважи, но и извајани мускули.
Круз споделил фотографии од оваа средба со ајкули на Инстаграм, а покрај фотографијата од киселата насмевка на Дејвид, напишал: „Нервозна насмевка“.

Таткото и синот поминале некое време заедно на сонце, пред да го прослават роденденот на Викторија Бекам.
Посебно внимание покрај многуте честитки привлече нејзината фотографија од детство од прославата на 9-от роденден.