Воздухопловството на Португалија соопштило дека еден од неговите авиони за надзор “ненамерно” влегол во воздушниот простор на Финска без дозвола.
Авионот “P-3-orion”, кој моментално е стациониран во Полска, бил во НАТО мисија над Балтичкото море во понеделникот кога направил свртување и по грешка влегол 500 метри во финскиот воздушен простор, наведува португалското воздухопловство.

Во соопштението се вели дека било пратено објаснување до финските власти, кои најпрво објавиле дека имало нарушување на воздушниот простор и истражуваат што се случило, пренесува “AP”.

Португалија е членка на НАТО, но Финска не е. Овие две земји претходно учествуваат во заеднички воени вежби.