Ја нема на географската карта – неоткриена земја во Европа за која ретко кој слушнал

720

На планинското езеро Рика и Сталин имал своја куќичка, односно летниковец каде што го поминувал своето време.

За земјата помеѓу Кавказ и Црното море слушнале само малкумина, а причина е тоа што ја нема на географската карта.

Некогашната автономна советска социјалистичка република во внатрешноста на границата со Грузија, прогласила независност во 1992-та година, а ја признале Русија, Венецуела…

Меѓународните организации како што се ОН, Европската комисија, OESS, NATO не го направиле тоа, а поголемиот дел од европските држави Апхазија ја сметаат како дел од Грузија.

Главен град на Апхазија е Сухуми, приморски град кој што е сместен на источното крајбрежје на Црното море. Во време на Советскиот Сојуз, Апхазија била омилено летувалиште и одморалиште на љубителите на природата, а Сахуми исто така вредело да се посети.

Остатоците од римските ѕидини, дворци како и Беслетскиот мост од 12-от век, ‘гласната ботаничка градина’ со повеќе од 5.000 видови билки од 1840-та година се само некои од атракциите на овој град.

На околу 70 километри од Сухуми се наоѓа планинското езеро Рика. Освен што самото по себе е сцена за паметење, и самото возење до него преку планината Кавказ е вистински спектакл.

Со поглед кон густата шума и водопадите, на 950 метри надморска височина е вистински рај за туристите.

Интересно е тоа што и Јосиф Сталин таму имал свој летниковец – покрај езерото.