Нема подобар оброк од ова бурито!
Верувале или не, буритото од пржен грав е официјално прогласено за најпопуларно јадење во 2018 година! Погледнете го рецептот кој ќе ве увери зошто ова јадење ја заслужило својата титула…
Потребни состојки:
- половина главица кромид
- 1 чешне лук
- 1 лажичка масло
- 500 грама грав од конзерва
- 1 лажичка чили
- 120 грама сирење чедар исечкано на коцки
- 300 грама зелена пиперка
- 1-2 прстофат сол
- 6 тортилји и додатоци по избор (рендан кашкавал, сечкани домати, сос салса)
Приготвување:
Загрејте масло во тавче со средна големина, па додајте исечкан кромид и пржете 3-4 минути на умерена температура. Мешајте повремено, додека кромидот не стане проѕирен. Додајте издробен лук и пржете уште минута-две.
Додајте грав, промешајте и пржете додека гравот не фати тенка „коричка“. Зачинете со чили, додајте чедар, измешајте го сето тоа и динстајте го поклопено уште 3-4 минути на умерена температура. Потоа, додајте исечкана пиперка, посолете по вкус и мешајте. Нека се крчка уште неколку минути.
Ако користите готови тортилји, загрејте ги на рингла или во микробранова печка, па ставете 1-2 полни лажици од смесата на секоја од нив. Озгора ставете додаток по избор: рендан кашкавал, сос, зеленчук… Замотајте го буритото и уживајте во феноменалниот вкус на јадењето на годината!