Јакимовски до Османи: Доста ве трпевме, престани да ни попуваш ти и таквите како тебе нам Македонците

612

Престани да ни попуваш ти и таквите како тебе на нас Македонците. Доста ве трпевме. Ова Стевчо Јакимовски му го порача на министерот за надворешни работи Бујар Османи по неговата изјава: „Какво и да е решение да се постигне со бугарските историчари, тоа ќе ги релаксира односите меѓу двете земји“.

Кого правиш будала бе министре?!
Какво и да е решение? Не може да прифатиме какво и да е решение!
За какво и да е решение ти можеш да зборуваш само за албанските „вапроси“, а не за македонските. За тебе како Албанец било какво и да е решение кога се работи за нас Македонците ти е прифатливо? Значи по туѓ газ и сто стапа се малку?
Што не прифативте вие за вашето знаме какво и да е решение туку војна водевте? Што не прифативте двоглавиот орел да се мрдне полево или подесно, погоре или подоле за да се разликува од знамето на Албанците во Албанија?
Ако си заборавил во Гостивар војна се водеше 97-та дури имаше и три жртви.
Вие никогаш не прифативте какво и да е решение, туку токму такво како што вие сакавте. АСНОМ да го нема од уставот. Го нема! Охрид да го има. Го има во уставот се разбира! Двојазичност во парламент, па во комисии, па во влада, па во Берово и во Делчево, па и во Крива Паланка.
Не прифаќате какво и да било решение!
п.с. И престани да ни попуваш ти и таквите како тебе на нас Македонците. Доста ве трпевме, му порача Јакимовски.