Јанева: Милошоски многу се занесува со изјавите, не може тој да преговара за СЈО

813

За иднината на СЈО не може да преговара лице против кое има истраги, порача специјалната обвинителка Катица Јанева и додаде дека има информации според кои новиот закон за обвинителство ќе биде донесен наскоро.

-Јас мислам дека и меѓународната заедница дава јасни насоки како и позицијата, освен опозицијата која е лично засегната. Во овој случај дава отпор, но мислам дека и тоа ќе се надмине. Не може да преговара лице кое веќе има предмет во предистрага и во истрага и дава квалификации за СЈО, за мојата личност, или за било кое прашање порзано со СЈО. Тука мислам на Антонио Милошоски кој многу се занесува во своите изјави, рече Јанева.

Јанева додаде и дека додека трае истрагата за новообјавените прислушувани разговори, таа не може да потврди дали излегле од СЈО, но дала налог и да се истражат „бомбите“ што ги објавува лицето со прекар Ел Чека.

– Дадов налог да се истражат „бомбите“ и по хард дискот да се утврди времетраењето, па да се идентификува со тие разговори, рече Јанева.