Јапонците откриле како да се носат заштитините маски на високите летни температури

676
Додека сите во светот размислуваат за летување, Јапонците размислуваат за летото. Во лето, таму е топло (над 35 степени Целзиусови) и влажно (90%), особено откако почна прегревањето поради климатските промени.

Во просек, околу 1.000 луѓе умираат од срцев удар секое лето, а Јапонија е исто така земја со најстаро население на светот.

Носењето маска во текот на летото предизвикува три проблеми, пренесува „Фајненшл тајмс“:

– запира влегување на ладен воздух што ја подигнува телесната температура на телото особено над вратот

– го задржува влажниот воздух за да не се исуши грлото и лицето да не чувствува потреба од течност

– поради социјалниот притисок да носат маска, луѓето пијат помалку вода

Поради сето ова, јапонските лекари се загрижени дека носењето маски во вакви климатски услови може да доведе до неколку стотици смртни случаи. Така, тие им кажале на јапонските претприемачи дека би сакале да направат напор и да дизајнираат маски кои ќе штитат од вирусот, но во исто време да го ладат лицето и воздухот што се вдишува.

И овие реагираа со молскавична брзина. Веќе има неколку на пазарот, едната обезбедува спроведување на топлина на кожата што создава чувство на удобност, а другата компанија продавала маски од фрижидер спакувани како лименки со пијалоци. Сега работат на обезбедување маската да нуди трајно освежување. Една компанија тврди дека наскоро ќе започне со производство на маска која содржи гел за ладење

Пазарот не е во прашање. Имено, повеќето земји во Југоисточна Азија покажале интерес.

Лекарите, сепак, изјавуваат дека е од клучно значење Јапонците да развијат свест дека им е дозволено да ги симнат маските и да пијат вода. И да не се користат професионални медицински маски со голема густина.