Жените многу време посветуваат на својата кожа, а особено на лицето. Многу дами користат разни креми за да го негуваат своето лице, но Јапонките смислиле ритуал како да изгледате беспрекорно и да се ослободите од кожните проблеми.
Имено, нивната техника трае 10 минути и има три клучни чекори.
Ако ја користите популарната метода за чистење на лицето, наречена ‘4-2-4’, лицето би требало да го чистите и наутро и навечер, но истата рутина не мора да ја практикувате секојдневно, доволно е 4 пати неделно.
Чекор 1
Масната фаза ја подобрува циркулацијата, бидејќи кожата се масира точно четири минути. Така се омекнува горниот слој на кожата, што помага во чистење на порите.
Клучно е да го изберете вистинското масло кое се задржува на површината на лицето. Најдобро масло за тоа е рицинусово масло, кое помага во отстранување на токсините.
Чекор 2
После масажата на лицето со масло, нанесете средство за чистење на лицето директно на кожата која не е чиста. Експертите велат дека за таа цел подобро е да употребувате кремасти средства, отколку пена или гел, кои повеќе ја сушат кожата.
Лицето чистете го две минути со нежни движења, за да не го оштетите.
Чекор 3
Лицето мијте го со топла вода две минути, а потоа уште две минути со ладна вода. Топлата вода ќе го измие вишокот масло од кожата и ќе ја подобри циркулацијата, додека ладната вода ќе ги затвори порите.
Оваа техника помага во хидратација на кожата, така што после оваа метода вашето лице ќе изгледа беспрекорно.