Јелена Ѓоковиќ, директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ на Инстаграм-лајв започнала тема за причинителите за неплодност кај многу жени и открила нешто што многумина не го знаеле.
„Денес има многу проблеми со плодноста и жените имаат проблем да забременат, а големо влијание имаат и проблемите со забите – кариес, собирање наслаги и воспаление на непцата“, истакнала Јелена.
Сепак, многумина биле многу изненадени дека лошата хигиена на забите може да има поврзаност со неплодност, а за тоа ѝ пишувале во коментари.
Дали лошата хигиена може да има поврзаност со неплодноста?
Добрата орална хигиена не ги прави само нашите заби поубави, туку и нашиот организам поздрав. Според некои истражувања, здравјето на забите и тоа како може да влијае на тоа колку долго на една жена ѝ е потребно да забремени.
Хигиената на забите може да влијае и на плодноста кај мажите, така што оние со заболување на непцата и расипани заби може да имаат послаб квалитет на сперматозоидите.