Александар Јосифовски од Охрид настапуваше во саботното издание на „Ѕвездите на Гранд“.
Александар беше во дуел со Анастасија Ичируп. Тој се претстави со песните „Пристао сам бичу све што хочеш“ и „Покрени се“.
Алекснадар доби вкупно пет гласови и помина во бараж.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ
„Јас се извинувам на Александар, но ништо не го разбрав, па затоа и не дадов глас. Не гласав поради начинот на интерпретација“, изјави Снежана Ѓуришиќ.
„Беше многу досадно. Никако да заврши. Не знам што се случи, дали тоа е некоја скриена камера? Те познавам како одличен кандидат, а ова е твое просочено појавување“, изјави Драган Стојковиќ Босанац.
Менторите Јелена Карлеуша и Ѓорѓе Давид без задоволни од своите кандидати,
Карлеуша е позната по тоа дека често знае да биде сурово искрена и да упатува тешки зборови на кандидатите, а овој пат направи нешто што ретко се прави.
Имено, кога излезе на сцената на честита на својот кандидат – Анастасија, Јелена пружи рака и му честиташе и на Александар.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ
„Вака се бори „Ѕвездата на Гранд“. Не можам да не бидам фер и да оваков настап да барам ситни грешки како некои“, изјави Јелена мислејќи на Мили кој имаше критики за двата кандидати.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/АЛЕКСАНДАР ЈОСИФОВСКИ
„Александар, ти ќе бидеш голема ѕвезда“, додаде Карлеуша.
Македонецот пееше во бараж и помина во следниот круг. Како ќе се подготви заедно со неговиот ментор – Ѓорѓе Давид останува да видиме.