Новинарката Ксенија Вучиќ денеска беше погребана на новите гробишта во Белград каде се собраа голем број на пријатели, роднини и колеги за да и оддадат последна почит. Меѓу нив се најде и пејачката Јелена Карлеуша која дојде во друштво на својот пријател и соработник Зоран, а зад црните очила таа имаше насолзени очи.
Пејачката се прости од неа и на својот Инстаграм профил.
„Ксенија беше жена која многу пати во животот ми имаше помогнато. Од крупни работи, до ситници… бидејќи јас за жал секогаш сум на мета, а на неа како човек и жена тоа и сметаше. До последен ден го сакаше бившиот сопруг Александар и никогаш не го преболе“, напиша Карлеуша.