Јелена Карлеуша за разводот од Душко Тошиќ и неговите пари: „Ако чекав тој да ме облече, ќе носев Зара!“

9045

Познатата српска ѕвезда Јелена Карлеуша по спектакуларниот концерт кој за најлудала вечер го приреди пред Собранието во Белград, уште еднаш повтори кои се нејзините најголеми мотиви – да биде најдобра и да ги помести границите.

Коментирајќи го настапот во „Утро на прва“, поп-ѕвездата истакна дека настапот бил прескап бидејќи сакала секоја секунда да биде совршена. И покрај чудесната цифра која беше спомната, таа нагласи дека на белградскиот концерт работела – без денар.

На прашањето на водителката од што живее и на забелешката дека добро се омажила, Јелена одговори:

-Верувајте ми, да сметав на парите на Душко, ќе се облекував само во Зара.

Таа ги насмеа сите во студиото, а потоа објасни:

– Тој парите ги троши рационално. Некој мора. (смеа) Но и јас заработувам и работам многу добро. После толку години, би било смешно да не можам да си дозволам да им подарам нешто вакво на моите сограѓани.