Јуве се огласи на Твитер, светот ја осудува контроверзната порака на „Старата дама“

966

Јувентус одлучи јавно да му пружи поддршка на својот фудбалер Кристијано Роналдо, кој овие денови минува низ турбулентен животен период.

Како што е познато, Роналдо е обвинет за силување на Кетрин Мајорга кое наводно се случило пред девет години, но таа приказна дури сега се актуелизира.

Тогашната американска студентка поднела тужба против Португалецот, во чија заштита застана и неговиот клуб Јувентус кој на Твитер напиша прилично контроверзна порака која ја осудија голем број луѓе кои ја прочитаа.

„Роналдо во изминатите месеци покажа голем професионализам и посветеност, кои ги ценат сите во Јувентус. Случките кои датираат од пред речиси девет години не го менуваат ова мислење, кое го делат сите кои имале контакт со овој голем шампион“, гласи пораката на Јувентус.

Многумина сметаат дека Јувентус со оваа порака на одреден начин порача дека не се загрижени за работите кои се случиле пред десет години, па дури и да се работи за тешко кривично дело, во овој случај силување.