Јувентус во обид со двоен удар да одземе фудбалери на Реал Мадрид

782

„Калчо меркато“ денес пласираше информација според која се вели дека Јувентус во летниот трансфер период ќе се обиде во своите редови да ги донесе еден од играчите на Реал Мадрид, Тони Крос или Иско Алкоркон.

Торинскиот клуб по разочарувачката сезона во Лигата на Шампионите, речиси сигурно летово ќе го засили средниот ред.

По враќањето на Зинедин Зидан во Реал медиумите во Шпанија пишуваа дека Иско ќе се премиели и ќе остане во Мадрид, сепак францускиот тренер нема да го премислува играчот доколку тој сака да ја промени средината.

Јувентус изминатиов викенд ја завери осмата шампионска титула во низа во Италија, но не успеа да ја освои Лигата на шампионит откако во четврфиналето беше елиминиран од Ајакс.