Откако официјално ќе му ја предаде титулата и престолот на новоизбраниот претседател Џо Бајден, Доналд Трамп ќе се исели со сопругата Меланија и синот Барон од Белата куќа. Странските медиуми јавуваат дека славното семејство се сели на југот на земјата, во сончевата Флорида.
Според списанието „Пипл“, Доналд, Меланија и нивниот син Барон треба да се преселат во нивната резиденција Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, а работата на вилата, наводно, е веќе започната.
Работниците вредно работат да го направат живеалиштето што е можно помодерно и посоодветно за семејниот живот што Трамп го продолжува таму по напуштањето на претседателската функција.
Вилата на Доналд, која некогаш и припаѓаше на успешната Марџори Мериведер Пост, ќе биде проширена и преуредена. Тие сакаат да го направат овој дом што е можно потопол, модерен и удобен. Меланија и Доналд повторно ќе имаат посебни спални соби – изјавил добро информиран извор за американскиот магазин.
Инаку, Претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп, кои се „решени да ја имаат последната празнична сезона“ во Белата куќа ( ако нешто драстично не се смени со судските процеси ) планираат најмалку 25 одделни пред божиќни и новогодишни забави во текот на следните неколку недели, секоја со повеќе од 50 гости, пишува Вашингтон пост.

