Каде свртела Катица на телефон додека се вршел претресот?

1203

Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи завчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк.

Според извори на порталот, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанва се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај, тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани во странство.

После ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева е одземен.