Последните неколку денови се резервирани за Марвел манијата која сè повеќе се шири ширум светот откако се одржа премиерата на последното продолжение на Avengers. Во целата приказна се вклучиле Кајли Џенер и Травис Скот, кои позирале како Капетанка Марвел и Ајрон Мен.
Иако сакале да се вклопат во големата база на фанови на Марвел, тие двајца не успеале да ги соовпаднат костимите, со оглед на тоа дека во филмската франшиза Ајрон Мен и Капетанка Марвел се среќаваат само во последното продолжение.

Сепак, позирале како пар кој на многумина им “падна во очи”, иако нивните костими баш и не се вклопуваат еден со друг.
Нивната ќерка Сторми исто така била облечена во костим со обвивка, а за кој се претставува дека му припаѓа на јунакот Тор. Објавените фотографии собраа околу 12 милиони лајкови, а тие двајца добиле многубројни пофалби за костимите.
