Кајли Џенер и нејзината ќерка во речиси идентични костими за Ноќ на вештерките

954

Една од најимагинативните ѕвезди кога станува збор за Ноќ на вештерките е секако младата бизнисменка Кајли Џенер.

После нејзиниот легендарен костим кој беше инспириран од Кристина Агилера, Кајли не престанува да изненадува со своите креативни изгледи.

Нејзиниот последен костим кој синоќа го сподели со јавноста е пеперутка. Но, секако станува збор за секси пеперутка.

Кајли со сандали кои се врзуваат околу ногата искомбинирала боди костим и тоа од нејзиниот омилен материјал, латекс.

За нешто да асоцира дека навистина станува збор за пеперутка, Кајли на грбот носеше големи розово-црни крилја. Во сличен, само многу посладок костим ја облекла и својата ќерка Сторми Вебстер со која имале складни костими исто како и пред неколку дена кога носеле костур пижами.