Кајли Џенер објавила видео снимка како се сонча во бикини покрај базенот на својот имот вреден 36,5 милиони долари.
Се изгледало како реклама за производ од нејзината сопствена линија за нега на кожа “Kylie Skin“, поточно за масло за сончање, кое го прскала по тело во видеото, потполнувајќи ја објавата со реченицата: “Тука станува топло”.
Ријалити ѕвездата очигледно има чувство како моментално да е на одмор, додека се навикнува на своето ново окружување во повеќе од 1.700 метри квадратни простор.
Кајли, која последните две години е на врвот на листата на Forbes за најмлади милијардери, го одбрала овој имот бидејќи е подалеку од останатите куќи, па може да има целосна приватност. А за сите кои сакаат да и пречат, постои обезбедување кое ја чува 24 часа.
Со седум спални соби и 14 бањи, куќата има повеќе од доволно простор за Кајли и нејзината ќерка Сторми.