Популарниот американски астрофизичар, Нил де Грас Тајсон на интересен начин опиша колку е навистина богат сопственикот на Амазон, Џеф Безос.
„Никој не ме праша ова, но кога банкноти од еден долар во вкупен износ од 200 милијарди долари, колку што изнесува богатството на Безос, би се наредиле една до друга, би биле доволни да ја обиколат Земјата 180 пати“, напиша де Грас Тајсон.
Тој дополни дека со нив би можело да се дојде до Месечината и назад 30 пати, а со остатокот од парите би можело да се направи куп висок 10 километри, пренесува Кликс.
Американскиот деловен магазин Форбс верува дека богатството на Безос е најголемото досега, а дека неговата компанија Амазон исклучително добро работи.