Како да се изборите со негативните мисли?

635

Истражувачите низ годините имаат направено многу истражувања за лошите мисли кои се обидуваат да ја преземат контролата над целото човечко битие, па сега имаат многу подобра слика за тоа како тие настануваат, а со самото тоа и како треба да се бориме со нив. Прочитајте во продолжение неколку едноставни совети и техники.

Сите сакаме да мислиме дека имаме целосна самоконтрола, но негативните мисли имаат еден незгоден ефект – нѐ тераат да се сомневаме во себе, да си кажуваме дека не сме доволно добри или концентрирани, што пак дополнително нѐ обесхрабрува. Учењето на добри техники за држење на сопствените мисли под контрола е важен дел од одржувањето на менталната „хигиена“.

Поголеми се шансите негативните мисли да преовладаат доколку сте под голем стрес, чувствувате анксиозност или депресија, или пак сте лути или тажни поради нешто. Подложни на негативни мисли се и оние кои имаат тенденција опсесивно да размислуваат или заради некоја моментална ситуација чувствуваат дека животот им е безизлезно тежок, во љубовта или на работа. Експертите велат дека негативните мисли често се провлекуваат и во луѓето кои се ненаспани, изморени или исцрпени.

Затоа, водете сметка за себе
Спијте колку што можете, пијте течности не се изгладнувајте. Сето ова звучи банално, но кога нѐ оптоваруваат тешки мисли, често забораваме да се грижиме за себе.

Техниката два за една
Секогаш кога ќе ве нападне некоја тешка мисла, возвратете така што активно и упорно ќе размислувате за две позитивни работи визборо вашиот живот. Вие најдобро знаете кои се оние нешта кои ви предизвикуваат задоволство од самите себе, па мора напорно да се ангажирате за да ги доведете во прв план. На тој начин ќе ги неутрализирате негативните.

извор:кафепауза.мк