Како ечеше Земјо Македонска во соблекувалната (ВИДЕО)

662

Репрезентативците на Македонија одново се херои на нацијата, по изборениот бараж за пласман на Светското првенство 2022.

Во Скопје падна Исланд, кој најави дека ќе ни ја „расипе забавата“. Тоа не му успеа, бидејќи Ељиф Елмас постигна два гола и блесна во вистински момент. Радоста на трибините беше неизмерна, а идентично „грмеше“ и во соблекувалната.

Нашата репрезентација ќе ги добие противниците на патот до Мундијалот на ждрепката в петок, која ќе се одржи во Цирих.