Како гром од ведрo небо: Мурињо се враќа во Италија, но не во Интер

1010

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е без работа по отказот од Манчестер Јунајтед во декември, а како наближува финишот на сезоната, се посилни се бројните шпекулации за неговата иднина.

Во последно време Мурињо се поврзува со преселба во Франција, но и Италија каде што наводно повторно сака да го види Интер, но новите информации на „Скај Италија“ ги изненадија многумина.

Според истите, Мурињо веќе е во преговори за преземање на Рома. Тимо од Рим сезонава игра очајно, а по отказот на Еузебио Ди Франческо, ниту неговиот наследни Клаудио Раниери, не може да го стабилизира клубот.

Како што се наведува од Рома се подготвени да му ја дадат платата од 10 милиони колку што бара Жозе, па останува да видиме дали ќе дојде до дил.