На социјалните мрежи се појави видео во кое млади играат брканица и прават склекови за време на полицискиот час во земјава.
На Твитер е објавено видеото на кое се гледаат млади како прават склекови среде улица, маршираат, играат брканица… Полицијата не знае што се случува, барем не во одредени населени места.
„Се потрудив овие неколку дена додека трае полициски час да направам видео (погледнете докрај) и да покажам каква е реалната слика во некои населени места. Брканици, криенки, палење оган, не носење маски“, пишува во описот на видеото.
Се потрудив овие неколку дена додека трае пол. час да направам видео (погледнете до крај) и да покажам каква е реалната слика во некои населени места.
Ви го зезнаа цел пол. час. 🚨
Брканици,криенки,палење огин,не носење маски.🤫
ЗАШТО ЗАТВАРАЊЕ,ДА ДЕМОНСТРИРАТЕ НЕСПОСОБНОСТ?
🆘️ pic.twitter.com/02p7MfNE7P— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) March 19, 2021
Но, ова е само мал дел од она што се случува за време на полицискиот час ширум земјава. Очигледно, она што не е документирано и објавено – исто како да не се случило.
Засега надлежните не се изјаснија по повод непочитувањето на мерката полициски час и дали овие ‘актери’ ќе добијат соодветна санкција.