“Samsung Galaxy S10 5G” уште не се појавил на пазарот, но на YouTube се појавило едно од првите видеа кои го прикажуваат развојот на тој уред.
Видеото го прикажува комплетниот процес на расклопување и сите внатрешни делови на телефонот.
Со оглед на тоа дека телефонот има класичен “сендвич дизајн”, присутна е голема количина на адхезиви кои треба да се стопат пред да биде можно да се пристапи во деловите од внатрешноста.
Првата работа која се гледа е модулот со три камери, заедно со ToF сензор и плоча која се користи за безжично полнење.
Се гледа и дека е потребно да се отстранат речиси сите делови за да се пристапи до дисплејот, доколку е потребна негова замена.
А тука е и мистериозниот неискористен конектор на плочи, кој укажува на различни верзии на телефони или модели специфични за одредени провајдери и со дополнителен хардвер.