Дали Шпанците некогаш спијат? Прашање што ќе си го поставите неколку пати ако се најдете во Мадрид по полноќ.
Во 22 часот кафулињата и плоштадите се полни со луѓе што пијат, а на полноќ баровите и рестораните не само што не се празни туку примаат уште гости и се нарачува храна. Околу два часот по полноќ луѓето конечно да си заминуваат дома за да се наспијат пред да одат на работа.
Сега е време да се запрашате – кога спијат?
Значи, Шпанците спијат 53 минути помалку од просечното време за спиење во Европа, но тоа не значи дека се ненаспани. Тајната е во попладневната дремка што Шпанците и тоа како ја практикуваат, особено во текот на жешките летни денови.
Уште еден фактор што влијае врз навиките на спиење во Шпанија е погрешната временска зона во која се наоѓа земјата. Географски Шпанија би требало да е GMT; но во 1942 година Франко го преместил времето на централноевропско за да биде слично со Адолф Хитлер. И верувале или не, досега никој не ја отворил оваа тема.
– Сосема е лудо да сме во иста временска зона како Берлин, а тоа најдобро го покажува биолошкиот часовник на Шпанците, кој е во целосен неред. Ако ја промениме зоната, сонцето ќе излегува еден час порано, но ќе се будиме поприродно, ќе јадеме за време на појадокот и ќе спиеме доволно – вели Хозе Луис Касеро, претседател на Националниот комитет за рационализација на шпанската временска зона.
Дури и да се промени временската зона, за Шпанците семејството и друштвениот живот се најважни и тие секогаш ќе имаат приоритет пред работата, па дури и пред сонот. Да се биде ненаспан е дел од шпанската култура.