Дали годинава поради пандемијата ќе се палат бадникови и василичарски огнови? Дали ќе има масовна прослава на Водици, во време кога не смее да се групираат повеќе од 4 лица на отворено до 20-ти јануари, а празникот се одбележува само еден ден порано?
Владиката Петар вели дека треба да изостанат бадникарските огнови, но не гледа причина зошто не би скокале верниците по крстот, доколку строго се почитуваат мерките.
Тој вели и дека верниците со тек на време сватиле дека нема игра со вирусот, а дополнително се исплашени од новата мутација на смртоносниот непријател.
Во пресрет на Божиќните празници, а поради опасноста од ширење на ковид, Македонската Православна Црква ги откажа бадниковите поворки, но и други божиќни прослави каде традиционално секоја година има голем број верници.