Како од мајка родена: Жешка шпанска водителка гола во снегот вежба јога

715

Водителката Кристина Педроче го искористи силното снежно невреме што ја погоди Шпанија за да направи специјална фотографија за нејзиниот профил на Инстаграм.

Имено, водителката позираше целосно гола на снегот во познатата јога поза.

„Сите ние игнорираме и набудуваме колку е скапоцен снегот, но исто така е многу убаво и важно да се погледне внатре“, напиша таа.

Фотографијата, на која водителката гола вежба јога на снег доби скоро 350.000 лајкови.

„Спектакуларно“, „Каква фотографија“, „Зар не ти е ладно?“, „Го сакам ова“, „Прекрасна си, Кристина“, се само дел од коментарите под објавата.

Водителката објави уште неколку фотографии на кои позира на снегот, но на други фотографии носеше зимска облека.

Инаку, на Инстаграм ја следат скоро три милиони луѓе, пренесува Индекс.хр.