Каква порака испратија ,,Црвените фенери‘‘ во Скопје?

1032

Со тричасовен перформанс во Универзалната сала сексуалните работнички го донесоа Амстердам во Скопје. Овој перформанс има за цел да ја зголеми свеста за секуалната работа, но и за нејзина правна регулација.

-Легализацијата не е најпосакуваниот модел помеѓу сексуалните работници затоа што тој модел во целост не ги почитува човековите права на сексуалните работници. Затоа ние се залагаме за декриминализација односно отргнување на сите членови кои кривично ја санкционираат сексуалната работа, вели претседателот на здружението Стар Стар, Борче Манев Божинов, за Сител.

Божинов бара сексуалните работнички да бидат опфатени во пакетот економски мерки.

Сексуалните работници беа засегнати од пандемијата. Многу од нив со цел да го заштитат сопственото здравје и здравјето на своите семејства мораа на некој начин да го редуцираат давањето на сексуалните услуги. Многу од нив се зависни од дневна заработувачка. И навистина се соочија и подлегнаа на сиромаштија. Од друга страна од државата добија една институционална шлаканица затоа што не беа опфатени во ниту еден сет економски мерки, вели Божинов.

Танчерките кои играа на излог го привлекоа вниманието на љубопитните скопјани. Дел дојдоа специјално да ги гледаат, дел случајно се најдоа пред Универзална, но останаа за да го проследат перформансот.