Каква трансформација: Антониа Гиговска за два месеци се преполови – еве колку килограми ослабе (фото)

792

Пандемијата со коронавирусто можеби ги спречи естрадните уметници да настапуваат, да одржуваат концерти, да создаваат нови музички парчиња, но не ги спречи да инвестираат и да работат на својот изглед односно на губењето тежина.

Така, изминатиот период, некои од познатите се „фрлија“ на здрав начин на исхрана, програма според нутриционисти, детокс, вежбање по дома, па многумина се пофалија со својот нов физички изглед.

По Тамара Тодевска, Бубе Јаневска, Тијана Дапчевиќ, сега и Антониа Гиговска се пофали дека се ослободила од вишокот килограми.

Имено, пејачката изминатиот период се хранеше според одредена програма за исхрана која очигледно ја доведе до посакуваниот резултат.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНТОНИА ГИГОВСКА

Гиговска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од стара и новата Антониа и откри колку килограми успеала да ослабе.

„Ова горе е старата Антониа од пред 2 месеци, ова доле сум јас. –16 килограми“, напиша младата пејачка на фотографијата на која е таа со вишок килограми, како и со новиот физички изглед.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНТОНИА ГИГОВСКА

Поради својата нова линија, Гиговска во приватна порака сигурно добила еден куп комплименти за нејзиниот изглед.