Калчото на продажба – Американци за три милијарди евра купуваат 20 отсто акции

941

Италијанската Серија А можно е да добие сериозна финансиска инјекција, откако инвестицискиот фонд „Баин Кепитал“ понудил да купи 20 отсто од акциите на лигата за три милијарди евра, објави „Фајненшл Тајмс“.

Италијанската лига бара инвестирори кои ќе донесат свеж капитал за да се заузда негативниот финансиски ефект предизвикан од пандемијата со коронавирус, па овој влез на пари би требало да ја зацврсти стабилноста на лигата, која моментно е четврта најдобра на светот.

Американците биле заинтересирани за да инвестираат во Серија А и тоа најмногу поради Кристијано Роналдо, чие доаѓање на Чизмата сериозно го зголемила интересот на Серија А и сериозно пораснале ТВ-правата. Само за минатата сезона, Калчото беше продадено за 1,3 милијарди евра, што е 60 отсто од свкупната заработка на лигата вредна 2,5 милијарди евра

Ова е втора многу подобра понуда за акциите на Серија А, зашто претходно фондот „Си-Ви-Си“ понудил две милијарди евра за 20 отсто од акциите.

Нема потврда за информациите на „Фајненшл Тајмс“, зашто од Серија А, но и од „Баин Кепитал“ одбиле да коментираат за овој случај.