Камерата ги улови Балканците Лулиќ и Хандановиќ во интересен разговор: Босанците ќе збеснат по ова

976

На вчерашната дерби пресметка во Серија А помеѓу Интер и Лацио камерите уловија интересен разговор меѓу Балканците од двата тима, Самир Хандановиќ и Сенад Лулиќ.

Стануваше збор за разговор поврзан со репрезентациите, а она што го кажа босанскиот репрезентативец ќе налути многумина во оваа земја.

Лулиќ кој пред повеќе од една година се повлече од репрезентативното играње фудбал му кажуваше на Хандановиќ дека собирите во репрезентацијата се еден вид одмор во кој може да се видат со семејствата и да им купат подароци, а дека натпреварите се само некаква симболика.

– Кај нас репрезентацијата е како кога ќе дојдеш на одмор. Колачи, семејство, подароци, а потоа доаѓаат натпреварите и тука си мртов. Така беше кај нас, – кажа Лулиќ, на што Хандановиќ му одговори:

– Кај нас не беше така, кај нас беше сериозно.

Интересниот разговор помеѓу Лулиќ и Хандановиќ веднаш ги обиколи социјалните мрежи на Балканот.