Блиндирано возило за пренос на пари денес беше нападнато во сибирскиот град Краснојарск, по што двајца припадници на обезбедувањето биле пренесени во болница, соопштија од руското Министерство за внатрешни работи.
Надзорните камери снимија како обезбедувањето ги става парите во возилото во моментите кога ненадејно пристигнаа двајца мажи, од кои едниот започна да пука. Откако го собраа „пленот“, побегнаа со автомобилот кој ги чекаше.
Локалната полиција соопшти дека истрагата е во тек и дека се анализираат сите детали во врска со овој вооружен грабеж.